Македонскиот репрезентативец Филип Талески е нов ракометар на ГРК Охрид, откако потпиша договор за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување и за натпреварувачката 2027/2028.
Триесетгодишниот лев бек, висок 202 сантиметри, во охридскиот клуб ќе настапува со дресот со број 28.
Талески пристигнува од унгарска Татабања, а зад себе има богата интернационална кариера. Ракометно се развиваше во Металург, по што замина во германскиот гигант Рајн Некар Левен, со кој ја освои титулата во Бундеслигата. Во Германија настапуваше и за Балинген, а беше дел и од Вардар 1961 и португалска Бенфика.
„Потписот за ГРК Охрид за мене претставува нов, голем предизвик и исклучително мотивирачки проект. Клубот покажа огромна желба, сериозна визија и амбиција кои целосно се поклопуваат со моите лични и спортски цели. Среќен сум што ќе го носам дресот на Охрид, клуб кој незапирливо расте и има фантастична публика. Охрид заслужува големи ракометни успеси, а јас сум тука да го дадам својот максимум на секој натпревар за да ги оствариме зацртаните цели на клубот, како во домашното првенство, така и на меѓународна сцена“, изјави Талески.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












