Германија постигна договор со САД за набавка и распоредување на крстосувачки ракети „томахавк“ на своја територија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц пред пратениците во Берлин.
Мерц посочи дека договорот бил постигнат со американски претставници за време на самитот на НАТО во Анкара, кој, според него, ги надминал очекувањата.
„Ова затвора критична стратешка празнина во нашата одбрана, додека паралелно работиме на развој на сопствени европски системи и нивно распоредување во Европа“, изјави германскиот канцелар.
Плановите за распоредување на американски ракети со долг дострел во Германија претходно беа ставени под знак прашалник, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави намалување на американското воено присуство во земјата.
Од Берлин оценуваат дека распоредувањето на „томахавк“ ќе има важна улога во зајакнувањето на одбранбените способности и ќе делува како средство за одвраќање, особено во услови на зголемени безбедносни тензии во Европа.
Германските власти истовремено работат на развој на сопствени европски системи со долг дострел, со цел постепено зајакнување на европската одбранбена автономија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












