ЕВН Македонија информира дека денеска ќе има планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од општина Ѓорче Петров, поради изведување технички работи на електродистрибутивната мрежа.
Според најавата, од 09:30 до 14:30 часот без струја ќе останат делови од улиците „Борис Сарафов“, „Македонска Преродба“ и „Знеполе“.
Од ЕВН посочуваат дека прекинот е дел од редовните активности за одржување и модернизација на електродистрибутивната мрежа и ги повикуваат граѓаните навреме да ги испланираат своите обврски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












