Фудбалската јавност е во шок по информацијата за смртта на 25-годишниот репрезентативец на Јужна Африка, Џејдем Адамс, кој неодамна настапи на Светското првенство 2026.
Адамс беше дел од националниот тим на Мундијалот, каде што настапи на сите три натпревари во групната фаза. Вкупно одигра 116 минути и беше меѓу фудбалерите што ја претставуваа својата земја на најголемата светска фудбалска сцена.
Причината за неговата смрт засега не е соопштена. Веста ја потврдија неговиот адвокат и менторката Брендине Џонсон, која откри дека само неколку дена претходно разговарала со Адамс и дека тој бил во добро расположение.
„Не можам да ги најдам вистинските зборови. Ве молам почитувајте ја приватноста на неговото семејство. Ова никој не го очекуваше“, изјави Џонсон.
Клубот на Адамс сè уште нема официјално соопштение за трагичната вест, ниту објави дополнителни информации за околностите на неговата смрт.
Џејдем Адамс ќе остане запаметен како млад репрезентативец кој имаше чест да ја претставува Јужна Африка на Светското првенство 2026.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












