Пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната пронајдена на брегот на Дојранското Езеро.
Од ДЗС информираат дека станува збор за граната со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми, која потекнува од Првата светска војна. Според информациите, убојното средство било наменето за хаубица М14 и било безбедно отстрането од пиротехничарот Зоран Пејев.
Од Дирекцијата посочуваат дека вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион, каде и натаму повремено се откриваат остатоци од воените дејствија од Првата светска војна.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












