Најмалку 27 лица загинаа, а осум се тешко повредени во голем пожар што избувна синоќа во паб во главниот град на Тајланд, Бангкок.
Според првичните информации, пожарот започнал во близина на сцената и за неколку минути го зафатил целиот локал, предизвикувајќи паника меѓу гостите.
Голем број луѓе кои се обиделе да се сокријат во тоалетот, подоцна биле пронајдени мртви.
Пожарникарите успеале да го локализираат пожарот за околу 30 минути, а првичната истрага укажува дека можна причина е краток спој на клима-уред.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












