Со свеченост во Античкиот театар, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа официјално го отвори 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Таа порача дека во време на поделби, конфликти и неизвесност, културата и уметноста остануваат простор што создава надеж, мир и солидарност.
Според неа, музиката и театарот се креатори на невозможното и претставуваат суштинска човечка потреба.
Сиљановска-Давкова истакна дека Охрид со право ја носи титулата македонска културна метропола и е идеално место за фестивал од ваков ранг. Фестивалот ќе трае 40 дена, а Охрид повторно ќе биде домаќин на бројни домашни и светски уметници.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












