Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак”.
Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот за субвенционирање дополнителна опрема за велосипеди, каде финансиската поддршка изнесува до 1.000 денари.
Проектот „Цел Центар на точак” е директна инвестиција на општината во одржлива урбана мобилност, поздрави навики на граѓаните и почиста животна средина во центарот на градот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












