Шеесет и деветгодишен жител на Велес е приведен откако во алкохолизирана состојба го нарушувал јавниот ред и мир на улица во градот.
Според МВР, тој не ги почитувал ниту наредбите на полициските службеници кои интервенирале на местото на настанот.
При алкотестирањето му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта.
Мажот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












