Дел од Севастопол на анектираниот Кримски Полуостров остана без електрична енергија по ноќен напад врз енергетската инфраструктура, соопштија руските власти.
Гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев, изјави дека во нападот биле погодени енергетски објекти, поради што дел од градот останал без снабдување со струја.
„Како резултат на голем напад на непријателот врз нашата енергетска инфраструктура, дел од градот остана без снабдување со електрична енергија. На објектите е воведен посебен режим, а експертите го проценуваат обемот на штетата. Сите итни служби се во целосна готовност“, напиша Развожаев на платформата „Макс“.
Паралелно со нападите, руските власти во текот на ноќта неколкупати привремено ги затворија аеродромите во Волгоград и Сочи поради опасност од напади со беспилотни летала. По проценката на безбедносната состојба, воздушниот сообраќај бил повторно воспоставен.
Засега нема официјални информации за евентуални жртви или за размерите на материјалната штета. Независна потврда на наводите од завојуваните страни во моментов нема.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












