Коалицијата ВЛЕН соопшти дека со изгласувањето на реконструкцијата на Владата започнува нова фаза во владеењето, оценувајќи дека процесот на промени продолжува со засилена одговорност и нови кадровски решенија.
Од коалицијата информираат дека професорот Јетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда, Агон Ферати е нов министер за односи меѓу заедниците, а Седат Сулејмани ќе го предводи Министерството за култура и туризам.
Според ВЛЕН, по владината реконструкција коалицијата излегува политички зајакната и ќе раководи со вкупно шест министерства. Покрај новите ресори, ВЛЕН останува на чело и на министерствата за економија, животна средина и евроинтеграции.
„ВЛЕН од оваа реконструкција излегува уште посилен политички, со вкупно шест министерства, како дел од мисијата за градење посилни институции и чесно служење на граѓаните“, се наведува во соопштението.
Од коалицијата истакнуваат дека реконструкцијата не претставува само кадровска промена, туку порака дека институциите треба да бидат во служба на граѓаните, а не на партиските интереси.
„Ова е крај на логиката на привилегии и почеток на пристап кој ќе се мери според работата, резултатите и одговорноста“, порачуваат од ВЛЕН.
Воедно најавуваат дека новите министри ќе бидат оценувани според реализираните реформи, постигнатите резултати и нивниот придонес за подобрување на работата на институциите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












