• Импресум
Tuesday, July 14, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Почнува 20-тото издание на фестивалот што ја спојува балканската традиција и музика

14/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Почнува 20-тото издание на фестивалот што ја спојува балканската традиција и музика

Јубилејното 20-то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ ќе започне на 16 јули во Античкиот театар во Хераклеја, со спектакуларен настап на грчкиот ансамбл „10-те бузуки на Домна“.

Под отворено небо, со почеток во 21 часот, публиката ќе има можност да ужива во уникатен музички спој на традицијата, емоцијата и виртуозноста, преку звуците на десет бузуки, гитара, контрабас, вокални изведби и настап на танцувачка група.

Ансамблот „10-те бузуки на Домна“ е еден од познатите грчки состави посветени на традиционалната и современата грчка музика, со посебен акцент на инструментот бузуки. Составот е основан од Јанис Карасавас, а го сочинуваат врвни музичари и мајстори на овој препознатлив грчки инструмент.

Нивниот репертоар опфаќа ребетико, лаико, народни песни од различни делови на Грција, но и современи композиции инспирирани од традиционалните музички форми. Со своите настапи во Грција и странство, ансамблот е препознатлив по енергичната интерпретација, автентичниот израз и виртуозните изведби.

Организаторите посочуваат дека една од главните цели на фестивалот е зајакнување на пограничната културна соработка и развој на културниот туризам преку промоција на традицијата и културното наследство. Настапот на грчкиот ансамбл е реализиран во соработка со Амбасадата на Република Грција во Скопје и Генералниот конзулат во Битола.

„Локум фест“ е проект од национален интерес, поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамки на „Бит фест 2026“.

Фестивалот ќе трае од 16 до 18 јули. По отворањето во Хераклеја, втората и третата фестивалска вечер ќе бидат одржани во автентичниот амбиент на Старата битолска чаршија – местото каде што пред две децении започна приказната за „Локум фест“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема анализа на водните ресурси: Стручни тимови на терен низ целата држава
Вести

Голема анализа на водните ресурси: Стручни тимови на терен низ целата држава

14/07/2026
Братот на шпанскиот премиер обвинет дека добил функција по семејна линија
Вести

Братот на шпанскиот премиер обвинет дека добил функција по семејна линија

14/07/2026
По смртта на Јовица Илиевски, Брвеница доби в.д. градоначалник
Вести

По смртта на Јовица Илиевски, Брвеница доби в.д. градоначалник

14/07/2026
Нов изглед за игралиштето во Марино, стартуваше целосната обнова
Вести

Нов изглед за игралиштето во Марино, стартуваше целосната обнова

14/07/2026
Новиот систем за регистрација во ЕУ се претвори во казна за македонските граѓани
Вести

„Супер вторник“ за ЕУ: Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора со нов исчекор

14/07/2026
Се огласи Груевски од Будимпешта: Ова го нема ни во Африка
Вести

Ослободителна пресуда за Груевски во предметот „Талир 2“

14/07/2026

Најнови вести

Почнува 20-тото издание на фестивалот што ја спојува балканската традиција и музика

Почнува 20-тото издание на фестивалот што ја спојува балканската традиција и музика

14/07/2026
Голема анализа на водните ресурси: Стручни тимови на терен низ целата држава

Голема анализа на водните ресурси: Стручни тимови на терен низ целата држава

14/07/2026
ФИФА го исфрли од Мундијалот, познат фудбалски судија пронајден мртов

ФИФА го исфрли од Мундијалот, познат фудбалски судија пронајден мртов

14/07/2026
Братот на шпанскиот премиер обвинет дека добил функција по семејна линија

Братот на шпанскиот премиер обвинет дека добил функција по семејна линија

14/07/2026
По смртта на Јовица Илиевски, Брвеница доби в.д. градоначалник

По смртта на Јовица Илиевски, Брвеница доби в.д. градоначалник

14/07/2026
Нов изглед за игралиштето во Марино, стартуваше целосната обнова

Нов изглед за игралиштето во Марино, стартуваше целосната обнова

14/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.