Осуденици од девет казнено-поправни установи низ државата се вклучија во седумдневна акција за чистење на магистралните и регионалните патишта. Акцијата започна вчера и ќе трае до 22 јули, а се реализира во соработка помеѓу Управата за извршување на санкции и ЈП „Македонија пат“.
Според информациите од Управата, осудените лица ќе бидат ангажирани на терен во близина на установите во кои ја издржуваат казната, при што во текот на целата акција ќе бидат под постојан надзор на затворската полиција.
Во активностите учествуваат осуденици од казнено-поправните установи во Идризово, Штип, Прилеп, Куманово, Битола, Скопје, Гевгелија, Струмица и Струга.
Целта на акцијата е подобрување на хигиената покрај магистралните и регионалните патишта низ земјата, како и придонес кон почиста и побезбедна животна средина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












