Премиерот Христијан Мицкоски информира дека на 15 јули до Европската Унија бил доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, според него, Владата покажала одговорен и транспарентен пристап во спроведувањето на реформската агенда.
Мицкоски преку објава на својот фејсбук-профил посочи дека реформскиот процес продолжува со јасна определба за исполнување на европските обврски.
„Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други, и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на Изборниот законик. Нашата определба останува непроменета, реформите ќе продолжат, затоа што тие се во интерес на државата, институциите и граѓаните“, напиша Мицкоски.
Премиерот најави и дека попладнево ќе присуствува на одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, а вечерва ќе биде дел од програмата на „Пиво-фест“ во Прилеп, каде што, како што наведе, ќе има можност да разговара со граѓаните.
„Продолжуваме посветено и забрзано за Македонија“, порача Мицкоски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












