Македонија денеска ја очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека максималните ќе достигнат од 33 до 39 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 20 до максимални 38 степени.
И утре ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, при што дневната температура на поединечни места ќе достигне и до 40 степени. Во попладневните часови повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Промена на времето се очекува во вторник, кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе се намалат за неколку степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












