Левица реагираше по актуелната состојба во Гостивар, каде што повеќе од илјада граѓани побараа лекарска помош поради сомнеж за неисправна вода за пиење.
Во партиското соопштение се наведува дека пратеникот Реџеп Исмаил преку објава на социјалните мрежи направил споредба меѓу состојбата во поранешна Југославија и денешната состојба во Македонија, осврнувајќи се на животната средина, јавната инфраструктура, урбанизмот и културното наследство.
Според Исмаил, во поранешна Југославија не се случувале случаи на масовно труење со вода за пиење, ниту, како што наведува, реката Вардар била во состојба каква што е денес.
Во својата објава тој се осврнува и на состојбата во повеќе градови, меѓу кои Тетово, Дебар, Струга и Скопје, тврдејќи дека во изминатите децении се влошиле условите во областа на јавната хигиена, урбанизмот, заштитата на природата и културното наследство.
Исмаил ја критикува и урбанизацијата во скопската населба Чаир, како и состојбата во Старата скопска чаршија и неколку значајни културно-историски објекти, оценувајќи дека нивната автентичност е нарушена.
Во објавата тој поставува и прашања за промените на имињата на улици и јавни обележја, наведувајќи дека тоа претставува дел од пошироките општествени и историски промени во државата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












