ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека по преземањето на власта образованието повторно е поставено меѓу главните државни приоритети, посочувајќи на низа реализирани мерки поврзани со наставниот процес, учебниците, платите на наставниот кадар и подобрувањето на условите во училиштата.
Од партијата наведуваат дека втора година по ред учениците ги добиле учебниците за сите одделенија уште на почетокот на учебната година, а по седум години повторно биле обезбедени и учебници по странски јазици.
Според нивните податоци, до училиштата биле доставени повеќе од еден милион примероци учебници, а преку пониски набавни цени во последните две години биле заштедени околу 45 милиони денари.
ВМРО-ДПМНЕ посочува и дека со договорот со СОНК е обезбедено постепено зголемување на платите во образованието во следните четири години, во зависност од инфлацијата, со раст меѓу 40 и 60 проценти. Од партијата додаваат дека во првите две години примањата на вработените во образованието се зголемиле за повеќе од 20 проценти.
Во соопштението се наведува дека повеќе од 160 училишта добиле современа информатичка опрема, воведени се нов електронски дневник и електронски свидетелства, а над 1.000 наставници поминале обука за етичка примена на вештачката интелигенција во наставата.
Партијата информира и дека во првата година од мандатот биле вложени над 70 милиони евра во изградба, реконструкција и проширување на училишни објекти и спортски сали, како и дека е зголемен бројот на образовни асистенти во основното и средното образование.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












