Барселона сериозно размислува за ангажман на шпанскиот репрезентативец Емерик Лапорт и наскоро би можела да започне преговори за негов трансфер, пренесуваат шпанските медиуми.
Според информациите, каталонскиот клуб планира да стапи во контакт со претставниците на искусниот дефанзивец за да ги разгледа можностите за негово доаѓање на „Камп Ноу“.
Во Барселона сметаат дека Лапорт би внел сигурност и искуство во одбранбената линија, а дополнителна предност е што игра со лева нога – профил на стопер што клубот одамна го бара.
Планот е Лапорт да формира стоперски тандем со младиот Пау Кубарси, со кого веќе успешно настапуваше за шпанската репрезентација на Светското првенство.
Спортскиот директор Деко внимателно ги следел неговите настапи на Мундијалот и, според медиумите, останал убеден дека Лапорт би бил значајно засилување за тимот.
Наводно, неговата откупна клаузула изнесува 15 милиони евра, сума што во Барселона ја сметаат за прифатлива и реална за реализација на трансферот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












