• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остри закани кон Иран, предупредувајќи дека САД ќе извршат нови напади врз иранската инфраструктура доколку Техеран повторно нападне бродови во Ормускиот теснец.

Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп порача дека секој иден напад врз пловила во Ормускиот теснец ќе биде проследен со американски воздушни удари врз мостови и електрани во Иран, вклучително и објекти во близина на Техеран.

„Од овој момент, секој пат кога Исламската Република Иран ќе пука врз брод во Ормускиот теснец, без разлика дали со ракета, дрон или какво било друго оружје, САД ќе бомбардираат и уништат еден мост или една електрана, вклучувајќи ги и оние што се наоѓаат во близина на главниот град Техеран или во самиот Техеран“, напиша Трамп.

Заканите следуваат по серијата ирански напади врз американски воени бази во регионот на Персискиот Залив. Во меѓувреме, американската војска продолжува со воздушни операции врз цели во Иран, а според медиумските извештаи, нападите траат веќе единаесетта ноќ по ред.

Изјавите на Трамп предизвикаа критики од дел од експертите за меѓународно право и светски лидери, кои предупредуваат дека нападите врз цивилна инфраструктура, како мостови и електрани, се спротивни на меѓународното хуманитарно право.

Говорејќи пред новинарите, американскиот претседател порача дека нападите ќе продолжат и оцени дека Иран ќе плати „висока цена“.

„Тие ќе платат висока цена, тие се десеткувани“, изјави Трамп.

На прашањето дали американската јавност ја поддржува воената кампања против Иран, Трамп рече дека Американците не се против војната и се повика на анкета која, според него, ја потврдува таквата оценка. Сепак, не прецизираше за кое истражување станува збор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наставникот од Струмица искористил прилика кога останал сам со малолетничката во спортската сала од училиштето, ова се ужасните детали
Живот

62-годишен маж силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

22/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови
Вести

Нови ограничувања кај Солун: Обиколницата повторно ќе биде затворена

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби
Вести

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа
Вести

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож
Вести

Возачот на брза помош од Врање во тешка состојба, уапсен Македонецот кој го прегазил со камион

22/07/2026
Следна вест
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови

Нови ограничувања кај Солун: Обиколницата повторно ќе биде затворена

Најнови вести

Наставникот од Струмица искористил прилика кога останал сам со малолетничката во спортската сала од училиштето, ова се ужасните детали

62-годишен маж силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

22/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови

Нови ограничувања кај Солун: Обиколницата повторно ќе биде затворена

22/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.