Возачите кои во наредните денови ќе патуваат кон Грција или ќе се враќаат од летување треба да бидат подготвени за изменет режим на сообраќај кај Солун поради нови градежни активности на обиколницата.
Според најавите, првото целосно затворање ќе биде во ноќта меѓу 23 и 24 јули, во периодот од 23:00 до 05:00 часот. Во овој термин обиколницата околу Солун ќе биде затворена во двата правци.
Поради тоа, сите возила што патуваат кон Халкидики, како и оние што доаѓаат од граничниот премин Евзони, ќе бидат пренасочени низ градските улици на Солун.
Изменет режим ќе има и следната ноќ, меѓу 24 и 25 јули, повторно од 23:00 до 05:00 часот. Тогаш ќе биде затворен само правецот кон Евзони, додека сообраќајот кон Халкидики ќе се одвива непречено.
Надлежните власти ги повикуваат возачите внимателно да ја следат поставената сообраќајна сигнализација, да ја намалат брзината и навремено да го испланираат патувањето, бидејќи се очекуваат зголемени гужви низ градското подрачје на Солун.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












