Канадска државјанка со кинеско потекло е уапсена во Белгија под сомнение дека шпионирала за трета држава додека била на пракса во објект на НАТО, соопштија белгиските обвинители.
Според обвинителството, таа се товари за шпионажа во корист на трета земја, како и за членство во криминална организација. Засега не се објавуваат дополнителни информации за нејзиниот идентитет, ниту за земјата во чија корист наводно дејствувала.
Осомничената извршувала пракса во Воената команда на НАТО (SHAPE), која се наоѓа во белгискиот град Монс и претставува едно од најзначајните командни седишта на Алијансата.
Белгиските власти соопштија дека истрагата е во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени во наредниот период доколку тоа не ја загрози постапката.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












