• Импресум
Saturday, July 25, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија

25/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија

Полемиката околу преговарачката рамка со Европската Унија повторно ја вжешти политичката сцена, откако поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи повторно го објави своето видео во кое ја објаснува структурата на преговарачкиот процес и тврди дека прашањата поврзани со Бугарија не претставуваат пречка за евроинтеграциите на Македонија.

Во видеото, Османи на бела табла го објаснува процесот, наведувајќи дека преговарачката рамка се состои од општ и специјален дел.

„Општиот дел ги содржи одредниците за кои нема писмен извештај од Европската комисија, ниту гласање во Европскиот совет. Договорот со Бугарија и записниците од член 12 се токму во тој дел, па затоа не можат да бидат пречка на патот кон Европската Унија“, вели Османи.

Тој посочува дека специјалниот дел ги опфаќа 35-те преговарачки поглавја, а како единствена можна пречка го споменува Акцискиот план за малцинства, кој, според него, не се однесува на конкретно малцинство, туку на сите етнички и неетнички заедници.

На ваквите ставови реагираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој оцени дека Османи нема кредибилитет да говори за преговарачката рамка.

„Бујар Османи е последниот што има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а што не. Тој многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата. Наместо да ги извртува фактите, треба да покаже политичка одговорност“, порача Муцунски.

Во својата реакција тој се осврна и на изборните резултати на Османи, оценувајќи дека политичар кој не ја добил довербата од граѓаните нема легитимитет да дели лекции за државните политики.

Муцунски нагласи дека Владата останува на својата позиција во однос на евроинтеграциите и заштитата на националните интереси, додавајќи дека, според него, јавноста добро знае кој ја довел државата во сегашната ситуација во процесот на преговори со Европската Унија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се отвора дебата: Дали Франција треба да излезе од НАТО?
Вести

Канадска државјанка обвинета за шпионирање додека била на пракса во НАТО

25/07/2026
Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици
Вести

Стотици паднати дрвја по невремето, Град Скопје открива што ќе прави со нив

25/07/2026
Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза
Вести

Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза

25/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Стабилен викенд, локални врнежи на почетокот од новата недела

25/07/2026
Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила
Вести

Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила

25/07/2026
Вучиќ објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи
Вести

Србија без американски царини, Вучиќ најави нови инвестиции

25/07/2026

Најнови вести

Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија

Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија

25/07/2026
Се отвора дебата: Дали Франција треба да излезе од НАТО?

Канадска државјанка обвинета за шпионирање додека била на пракса во НАТО

25/07/2026
Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици

Стотици паднати дрвја по невремето, Град Скопје открива што ќе прави со нив

25/07/2026
Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза

Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза

25/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Стабилен викенд, локални врнежи на почетокот од новата недела

25/07/2026
Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила

Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила

25/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.