До 18:00 часот денеска на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни, еден е ставен под контрола, додека осум се целосно изгаснати.
Според надлежните служби, активни се пожарите во атарот на селата Плешинци и Стрмош во Општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, потоа во кумановското село Винце, каде што е зафатена сува трева, како и на потегот од Горно Коњари кон Винце во Општина Петровец, каде што огнот зафатил сува трева, грмушки и шума.
Под контрола е пожарот над депонијата во Росоман, на подрачјето на Општина Кавадарци, каде што горела сува трева.
Во текот на денот целосно се изгаснати осум пожари. Интервенциите биле успешни кај селата Српци и Беранци во Општина Могила, во Велес кај Бојаџиина Чешма, во Струга кај Генц Комерц и во селото Делогожда, во Студеничани, во селото Неготино во Општина Врапчиште, кај Споменик Костурница во Куманово, како и на потегот од селото Миравци кон Петрово во Општина Гевгелија.
Надлежните служби продолжуваат со следење на состојбата и интервенции на активните жаришта со цел нивно целосно локализирање.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












