• Импресум
Tuesday, July 28, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ребалансот на Буџетот пред пратениците: Повеќе пари за капитални инвестиции

27/07/2026
A A
Седници на три собраниски комисии

Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година денеска повторно е пред пратениците. Дополнетиот ребаланс, во второ читање, се разгледува на 118. седница на Собранието, а согласно собранискиот Деловник, расправата може да трае најмногу три дена.

Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс, во кој се вградени амандманите прифатени од Комисијата за финансирање и буџет. Со нив се обезбедуваат дополнителни средства за жени кои вршат земјоделска дејност, за воспоставување национална СОС линија за жртви на родово и семејно насилство, како и за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство.

Според предложениот ребаланс, вкупните приходи се планирани на 379,5 милијарди денари, додека расходите изнесуваат 425,8 милијарди денари. Од Министерството за финансии информираат дека дополнителните средства се распределени кон приоритетни области.

Со ребалансот се обезбедуваат повеќе средства за земјоделски субвенции, железничкиот сообраќај, спортот, како и за ученичкиот и студентскиот стандард. Предвидена е и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку социјални надоместоци, заштитни друштва, народни кујни, мерки за деинституционализација и здравствена заштита.

Зголемени се и средствата за капитални инвестиции, кои достигнуваат околу 46 милијарди денари, што претставува раст од 14,5 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Истовремено, се предвидува намалување на расходите за стоки и услуги.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бруто домашниот производ, додека економскиот раст е планиран на 3,5 проценти.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска оцени дека ребалансот ќе овозможи продолжување на економскиот раст, забрзување на инфраструктурниот развој и реализација на проекти што ќе донесат конкретни придобивки за граѓаните.

„Ребалансот претставува внимателен баланс помеѓу фискалната одговорност, потребата од забрзан развој и силен фокус на капиталните инвестиции. Со него се обезбедува стабилност на јавните финансии, но и услови за повеќе инвестиции, поголема економска активност и подобар животен стандард за граѓаните“, истакна Димитриеска Кочоска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата
Вести

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата

28/07/2026
Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево
Вести

Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево

28/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Мицкоски денеска во посета на Општина Илинден

28/07/2026
Туристички бран создаде километарски колони на ГП „Дојран“
Вести

Колони кон Грција: На Богородица задржување од околу 15 минути

28/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?
Вести

Пановски: Проект од седум милиони евра бил закочен поради фактура од 16.500 денари

28/07/2026
Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него
Вести

Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него

28/07/2026
Следна вест
Анчелоти: Заслуживме победа, но ќе се вратиме посилни

Арсенал сака да го украде Винисиус од Реал Мадрид

Најнови вести

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата

28/07/2026
Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево

Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево

28/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Мицкоски денеска во посета на Општина Илинден

28/07/2026
Туристички бран создаде километарски колони на ГП „Дојран“

Колони кон Грција: На Богородица задржување од околу 15 минути

28/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

Пановски: Проект од седум милиони евра бил закочен поради фактура од 16.500 денари

28/07/2026
Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него

Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него

28/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.