Околу 9.800 луѓе во Германија оваа година починале како последица на екстремните горештини, проценува Институтот „Роберт Кох“.
Според податоците на институтот, најголем број смртни случаи предизвикани од високите температури се регистрирани кај лицата на возраст од 75 години и повеќе.
Од „Роберт Кох“ информираат дека во периодите со екстремно топло време е забележан пораст на стапката на смртност, а бројот на жртви би можел дополнително да се зголеми доколку продолжат високите температури во текот на летото.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












