Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југозападниот дел на Македонија.
Според првичните информации, епицентарот на потресот бил во близина на Струга и селото Подмоље, на координати 41,170° северна географска ширина и 20,711° источна географска должина, на длабочина од 15 километри.
Земјотресот бил регистриран во 11:28 часот, а поради неговата мала јачина бил слабо почувствуван само од дел од жителите во Охридско-струшкиот регион.
Според досегашните информации, нема пријави за материјална штета.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












