Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 32 и 39 степени.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, под влијание на топол бран, до крајот на следната седмица ќе преовладува сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат од среда, кога во одделни делови од земјата дневната температура ќе надмине 40 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












