Два силни земјотреса со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија централниот дел на Перу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според првичните информации, епицентарот на двата потреса бил на длабочина од 154 километри.
Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.
Очевидци, чии сведоштва се објавени на веб-страницата на EMSC, наведуваат дека земјотресите биле силно почувствувани и дека зградите се треселе во погодените области.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












