Обвинетиот Борче Марковски се вратил во Македонија и во моментов се наоѓа во Битола со своето семејство, потврди неговиот адвокат Марјан Николоски.
Според правниот застапник, Марковски ги завршил обврските поради кои претходно престојувал во Србија, по што било побарано привремено враќање на неговиот пасош.
Адвокатот посочи дека одлуката за враќање на патната исправа била донесена со согласност на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и надлежниот суд, оценувајќи дека постапката била законска и оправдана.
Николоски смета дека сличен пристап треба да се применува и во други случаи поврзани со сомневања за финансиски криминал, особено кога обвинетите обезбедиле соодветни гаранции.
Според него, во такви ситуации нема потреба од подолготрајно задржување на пасошите, бидејќи тоа може да предизвика дополнителни последици.
Адвокатот додава дека со враќањето на пасошот била избегната можност за евентуална штета што, како што вели, би можела да падне на товар на државата доколку Марковски во иднина биде ослободен од обвиненијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












