Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на W75 турнирот во Лајпциг, Германија, откако во драматичен меч по три сета ја совлада Украинката Анастасија Фирман.
Најуспешната македонска тенисерка славеше со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 6:4) во дуел кој траеше два часа и 30 минути.
Во првиот сет двете тенисерки имаа проблеми со сервисот, па беа видени дури седум брејка, од кои четири беа во корист на Ѓорческа. Македонката успеа да го искористи моментот и да го освои сетот со 6:4.
Фирман возврати во вториот сет, во кој направи еден брејк повеќе и со идентичен резултат 6:4 израмни на 1:1 во сетови.
Во решавачкиот трет сет двете тенисерки беа сигурни на свој сервис во воведните пет гема, но Ѓорческа потоа направи брејк и поведе со 4:2. Украинката успеа да го врати загубениот сервис во деветтиот гем, но македонската тенисерка веднаш одговори со нов брејк и го затвори сетот со 6:4 за конечна победа.
Во второто коло Ѓорческа ќе игра против Чехинката Алена Ковачкова, која во првата рунда со 2:0 во сетови ја совлада Сохун Парк.
Турнирот во Лајпциг се игра за награден фонд од 60.000 американски долари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












