• Импресум
Saturday, May 30, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Митрополит Агатангел: Оваа однародена власт насилно протурка смена на името и предизвика многу антидржавни чувства

18/02/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Митрополит Агатангел: Оваа однародена власт насилно протурка смена на името и предизвика многу антидржавни чувства

Митрополитот на Повардарската епархија, Агатангел, ја нарече македонската власт однародена.

-Малку подолг период оставив простор без свои јавни реакции на актуелните политички случувања, имајќи надеж дека сепак македонскиот народ јасно ќе ги види замките во кои западна благодарејќи на однесувањето на оваа крајно однародена власт, која насилно и необјасниво протурка смена на името и отвори „добрососедски дебати“ со Бугарија за ревизија на нашата историја, со што го стави македонскиот народ во подредена позиција во однос на други и предизвика многу антидржавни чувства, а со тоа длабоко ги пречекори своите овластувања како извршна власт, истакна тој.

Целото негово обраќање проследете го во продолжение:

Животот се состои од радост и тага, од задоволства и разочарувања, од победи и падови. Тој е круг од овие случувања кои неизбежно ќе ги почувствува секој еден човек. Наша лична одговорност е како ќе се однесуваме при овие случувања. Дали ќе натежене кај нас достоинственото и Богољубиво расположение на душата или пак ќе одговориме со мрачниот и злорадосен сегмент на нашето битие.

Без разлика какви се околностите при тие животни предизвици, нашата лична одговорност е неизбежна. Многу е важно како ние ќе се понесеме во тие моменти. Убаво е преку овие животни прилики да се обидеме да развиеме некоја душевна доблест како на пример, да се радуваме во радоста на нашиот ближен, да сочувствуваме во неговата болка, да се обидеме да му помогнеме во неговата неволја, а преку тоа да се стекнеме со дарот на љубовта, радоста, милоста и смирението. Но, неретко, нашата душа негува и гнев, негува и злорадост, и омраза и лоши помисли, а каде води сето ова? Не води кон пропаст на нашата душа, раздразливост на нашето однесување, одземање на нашиот мир, како и кон помрачување на нашиот ум.

Деновиве сме сведоци на една таква животна прилика, која успеa да разбуди многу од овие душевни чувства кај нашиот македонски народ. Некои ја толкуваа оваа ситуација полни со гнев, огорченост, омраза, други пак со поддршка, разбирање и сочувство.

Малку подолг период оставив простор без свои јавни реакции на актуелните политички случувања, имајќи надеж дека сепак македонскиот народ јасно ќе ги види замките во кои западна благодарејќи на однесувањето на оваа крајно однародена власт, која насилно и необјасниво протурка смена на името и отвори „добрососедски дебати“ со Бугарија за ревизија на нашата историја, со што го стави македонскиот народ во подредена позиција во однос на други и предизвика многу антидржавни чувства, а со тоа длабоко ги пречекори своите овластувања како извршна власт.

Како епископ на Македонската православна црква, секојдневно имам контакти со наши браќа и сестри кои имаат различни идеолошки и политички убедувања, и кои при нашите разговори неретко ја изразуваат својата загриженост и разочараност од потезите на оваа власт, која дефинитивно не го слуша пулсот на народот и неговите потреби, а најмалку ја гледа и ја чувствува неговата болка која несразмерно порасна изминативе неколку години.

Тој народ, македонскиот, е Црквата Македонска. Тој народ е душата на Црквата наша. Тој народ е народот за кои ние, како свештенослужители, ги принесуваме нашите молитви кон Севишниот Бог, народ за кој просиме благосостојба, здравје, среќа и напредок. Тој е оној ист народ, кој власта го запостави, му ги зголеми егзистенционалните маки, но згора на се, му ја допре и му ја повреди душата.

Мене ми е должност да се грижам за нашиот верен народ и да го заштитувам. Тој е сега ранлив и му треба утеха. Црквата е утеха. Црквата е закрила. Црквата е надеж.

И оние кои ме поддржаа овие денови, но и оние кои се изнафрлаа „дрва и камења“ по мене, длабоко во својата душа знаат дека не чинат работите. Дека нашата Македонија не оди во добар правец. Знаат сите, драги мои. И од ова повеќе нема бегање. Прашање е само дали ќе развиеме доблести како народ да ја искористиме оваа крајно лоша ситуација во наша полза или дополнително ќе му дадеме простор на раздорот, неслогата и гневот и понатаму да го расекуваат и раскрвавуваат живото македонско ткиво.

Би се заблагодарил и би ги благословил сите Македонци во оваа прилика, онака како што правам секој ден во моите молитви. За мене секој еден од нас е Македонец, без разлика на се, и го љубам како роден брат. Тоа е моето силно чувство, кое никогаш нема да згасне.

Митрополит Повардарски
г. Агатангел

 

Извор.Курир.мк

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Судир меѓу БМВ и мопед во Илинден, 20-годишник заврши на Клинички

29/05/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите
Вести

Скопје ќе се прска против комарци, апел до пчеларите да ги заштитат пчелите

29/05/2026
Седлоски: Фокус на играта и докажување против Босна
Вести

Познат составот: Јанкулов доби шанса од старт против Босна

29/05/2026
Истражување: Изборот на храна може да зависи од гените
Вести

Училишната средина во Македонија поттикнува лоши навики во исхраната

29/05/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Уапсен 24-годишник од Куманово, во возило пронајдена бела прашкаста материја

29/05/2026
Второто полувреме кобно за Македонија против Данска
Вести

Столе Димитриевски: Влегувам во најдобрите денови од кариерата

29/05/2026
Следна вест

(Видео) Деветгодишно момче падна во бунар во Авганистан, спасувачката акција трае веќе три дена

Најнови вести

Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Судир меѓу БМВ и мопед во Илинден, 20-годишник заврши на Клинички

29/05/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите

Скопје ќе се прска против комарци, апел до пчеларите да ги заштитат пчелите

29/05/2026
Седлоски: Фокус на играта и докажување против Босна

Познат составот: Јанкулов доби шанса од старт против Босна

29/05/2026
Истражување: Изборот на храна може да зависи од гените

Училишната средина во Македонија поттикнува лоши навики во исхраната

29/05/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

Уапсен 24-годишник од Куманово, во возило пронајдена бела прашкаста материја

29/05/2026
Второто полувреме кобно за Македонија против Данска

Столе Димитриевски: Влегувам во најдобрите денови од кариерата

29/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.