Градските власти информираа дека на 1 и 2 јуни 2026 година ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на територијата на Скопје.
Акцијата ќе се спроведува во раните утрински часови, а целта е намалување на бројот на комарци во пресрет на летниот период и повисоките температури.
Од Град Скопје посочуваат дека доколку временските услови не дозволат реализација на прскањето во предвидениот термин, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе има соодветни услови, во истиот временски период.
Воедно, надлежните упатија апел до пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчелните семејства, со цел да се избегнат евентуални негативни последици од третманот против комарците.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












