• Импресум
Sunday, July 12, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Руски конвој долг 60 километри оди кон Киев, ќе има ли втор круг преговори?

01/03/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Руски конвој долг 60 километри оди кон Киев, ќе има ли втор круг преговори?

На шестиот ден од упадот на руските воени сили во Украина, се чини, се подготвува голема битка за главниот град Киев. Сателитските снимки направени вчера покажуваат руски воен конвој долг 60 километри кој оди кон метрополата од северен правец. Руската војска побарала од населението да го напушти градот, а во Киев граѓаните прават барикади на улиците.

На сателитските снимки кои датираат од вчера се гледа конвој кој се „протега од околината на аеродромот Антонов  кој е на 25 километри од градот па сѐ до околината на Прибирск“ на север. Снимките на американската компанија „Маџар“ покажуваат десетици возила наредени на патиштата во украинската внатрешност, од кои дел се „многу оддалечени едни од други“. Американската компанија објави и слики кои прикажуваат ново разместување на воени хеликоптери и возила во Белорусија.

Генералштабот на украинската армија на Фејсбук напиша дека руските воени сили се прегрупирале во последните 24 часа и натрупале оклопни возила и артилериско оружје „пред сѐ за да го опколат и да го стават под контрола Киев и други големи градови “ во земјата.

Украинските извори соопштија дека при вчерашните експлозии во Харков загинале најмалку 11 луѓе. По градот се забележуваат руски тенкови и оклопни возила. Според истите извори, украинската војска ја повратила контролата врз градот Мариупол. 

Украинскиот претседател ја повика меѓународната заедница да размисли за целосно блокирање на воздушниот простор за руските ракети, авиони и хеликоптери.

Но САД ги отфрли повиците за воспоставување зона на забранети летови над Украина, велејќи дека тоа ќе биде чекор кон директен конфликт меѓу САД и Русија.

Инаку, Зеленски истакна дека Украина сè уште не го постигнала посакуваниот резултат во вчерашните мировни преговори меѓу украинската и руската делегација.

– Русија ги презентираше своите позиции, ние дадовме контрааргументи за да се стави крај на војната. Штом делегацијата ќе се врати во Киев, официјалните лица ќе ги анализираат позициите и ќе одлучат како да се продолжи во вториот круг преговори, објасни Зеленски.

Двете страни идентификуваа голем број главни прашања за кои требаше да се донесат „одредени одлуки“, изјави за новинарите советникот на украинскиот претседател Михаjло Подољак по состанокот, кој траеше околу шест часа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимката што го обиколи светот: Меси и судијата во жестока дебата
Вести

Снимката што го обиколи светот: Меси и судијата во жестока дебата

12/07/2026
Нема грешка на судијата: ФИФА ја разреши дилемата за голот на Англија
Вести

Нема грешка на судијата: ФИФА ја разреши дилемата за голот на Англија

12/07/2026
Тухел не е задоволен и покрај пласманот: Сами си ја отежнавме работата
Вести

Тухел не е задоволен и покрај пласманот: Сами си ја отежнавме работата

12/07/2026
ЦУК: Нема повредени лица и пријавени штети по невремето
Вести

Ноќна потрага кај Матка заврши успешно, пронајден изгубениот турист

12/07/2026
Конечна одлука: Google ќе плати 4,1 милијарди евра за Android
Вести

Конечна одлука: Google ќе плати 4,1 милијарди евра за Android

12/07/2026
Американскиот NTSB ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“
Вести

Американскиот NTSB ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“

12/07/2026
Следна вест

(ВИДЕО) Зеленски рекол дека нападот врз Харков е воено злосторство: „Русите знаеа каде пукаат, гаѓаа во цивили!“

Најнови вести

Снимката што го обиколи светот: Меси и судијата во жестока дебата

Снимката што го обиколи светот: Меси и судијата во жестока дебата

12/07/2026
Нема грешка на судијата: ФИФА ја разреши дилемата за голот на Англија

Нема грешка на судијата: ФИФА ја разреши дилемата за голот на Англија

12/07/2026
Тухел не е задоволен и покрај пласманот: Сами си ја отежнавме работата

Тухел не е задоволен и покрај пласманот: Сами си ја отежнавме работата

12/07/2026
ЦУК: Нема повредени лица и пријавени штети по невремето

Ноќна потрага кај Матка заврши успешно, пронајден изгубениот турист

12/07/2026
Конечна одлука: Google ќе плати 4,1 милијарди евра за Android

Конечна одлука: Google ќе плати 4,1 милијарди евра за Android

12/07/2026
Американскиот NTSB ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“

Американскиот NTSB ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“

12/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.