• Импресум
Saturday, June 20, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Производителите во паника, секаде се бара суровина за домашно масло

09/04/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Производителите во паника, секаде се бара суровина за домашно масло

Владата на Србија одлучи да дозволи извоз во Македонија само на меркантилна пченица и на меркантилна пченка.

И покрај завчерашните најави од Владата дека со Србија е договорено укинување на забраната за извоз во нашата земја на пченица, пченка и сурово сончогледово масло за јадење, во одлуката по одржувањето на седницата на Владата на Република Србија, никаде не е споменато сончогледовото масло.

Во соопштението што го објави Владата на Србија на својот официјален сајт по завршувањето на седницата, се споменуваат само меркантилна пченица и меркантилна пченка.

„На седницата беше усвоен и заклучок, со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица што ги извезуваат овие производи во Република Северна Македонија врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основни агро-прехранбени производи. Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорени деловни аранжмани меѓу компании од Србија и регионот. Тоа нема да предизвика нарушувања во функционирањето на домашниот земјоделско-прехранбен сектор, ниту да ја загрози прехранбената безбедност на населението и ќе придонесе за градење доверба и одржување добри трговски односи во регионот“, пишува во соопштението на Владата на Србија.

Македонските производители на масло за јадење, кои главно го купуваат нерафинирано од Србија, деновиве изјавија дека со нетрпение ја чекаат одлуката за продолжување на увозот од Србија. Сега, како што вели Симон Наумовски, директор на фабриката „Витаминка“ во чија сопственост е и фабриката за масло за јадење „Брилијант“, тие се во вистинска паника.

– Искрено кажано, во паника сме. Нашиот добавувач од Војводина ни кажа дека не може да ни испорача сурово масло затоа што српската влада не донела одука за укинување на забраната за извоз. Од утрово насекаде вртиме телефони. Преговараме со трговци од Украина, Унгарија и Бугарија. Нам ни требат 200 тони месечно сурово масло – вели Наумовски.

Во однос на цените, тој потенцира дека тоа е берзански производ на кој никако не може ценовно да се влијае.

„Брилијант“ е најголем производител на сончогледово масло во државава, и како што вели Наумовски, станува збор за најсовремен начин на производство, со капацитет што е два и пол пати поголем во однос на потребите на Македонија.

Во Србија, пак, ги намалија површините засеани со други земјоделски производи за сметка на сончогледот.

Се проценува дека засеаните површини под сончоглед во Украина би можеле да паднат во 2022 година на најниско ниво во последните 13 години, на околу 4,2 милиони до 4,4 милиони хектари, или 35 отсто во споредба со нивото од 2021 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика
Вести

Добри вести за возачите: Следува пад на цените на горивата, најави Мицкоски

20/06/2026
Нема повеќе акции во маркетите, цени се замрзнуваат
Вести

На четиричлено семејство му се потребни над 68 илјади денари месечно

20/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

Опозицијата обвинува за економска нестабилност и политичка изолација

20/06/2026
Турција упати 32 удари, но повторно не постигна гол и испадна од групната фаза на Мундијалот
Вести

Турција упати 32 удари, но повторно не постигна гол и испадна од групната фаза на Мундијалот

20/06/2026
Мароко пред пласман во втората рунда, Бразил лесно го совлада Хаити
Вести

Мароко пред пласман во втората рунда, Бразил лесно го совлада Хаити

20/06/2026
Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек
Вести

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

20/06/2026
Следна вест
30 дена притвор за Мухамед Зекири

30 дена притвор за Мухамед Зекири

Најнови вести

Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика

Добри вести за возачите: Следува пад на цените на горивата, најави Мицкоски

20/06/2026
Нема повеќе акции во маркетите, цени се замрзнуваат

На четиричлено семејство му се потребни над 68 илјади денари месечно

20/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

Опозицијата обвинува за економска нестабилност и политичка изолација

20/06/2026
Турција упати 32 удари, но повторно не постигна гол и испадна од групната фаза на Мундијалот

Турција упати 32 удари, но повторно не постигна гол и испадна од групната фаза на Мундијалот

20/06/2026
Мароко пред пласман во втората рунда, Бразил лесно го совлада Хаити

Мароко пред пласман во втората рунда, Бразил лесно го совлада Хаити

20/06/2026
Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

20/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.