Се конфискува партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ познато како „Белата палата“. Ова денеска го посочи судијката Даниела Алексовска-Стојановска, по објавата на пресудата за случајот „Талир 2“, со која поранешниот премиер Никола Греуевски е осуден на казна затвор од 6 години, а Кирил Божиновски беше осуден на условна казна.
Овој имот беше со години замрзнат по барање на Обвинителството, односно вкупно 68 недвижнини.
–Судот донесе решенија со кои се определени привремени мерки – судска забрана за отуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека и забрана за располагање со давање под закуп со прибелешка на забраната во јавна книга за 68 имоти на политичката партија ВМРО ДПМНЕ низ земјата, како и за седиштето на партијата во Скопје, а се однесуваат на имот стекнат во периодот од 2013 до крајот на 2015 година за кој постои основано сомнение дека е стекнат со противправните дејствија опишани во поднесените обвиненија и кои мерки сѐ уште се во сила, појаснуваат од СЈО.
Обвинетите Груевски и Божиновски се товареа за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












