Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски денеска на прес-конференција за медиумите потврди дека денес на главната седница РКЕ донела одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ производство.
-Веднаш по завршувањето на оваа главна седница РКЕ ќе ја информира Владата и владата понатаму во соработка со минуистерството за економија е должна да организира тендер, односно јавен повик со кој што ќе биде избран нов вршител за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија, рече Бислимовски.
Бислимовски напомена дека очекува во наредниот период сите овие рокови за организирање на јавниот повик да бидат кратки се со цел да завршат навремено и да се избере нов вршител на енергетската дејност производство на топлинска енергија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












