По пожаpите кои ги зaфатија Словенија и Италијa
За жал изгореното дрво паднало врз полицајкa
Во големиот пожар што го зафари западниот пограничничен регион меѓу Италија и Словенија, погина 56-годишна жена, јавуваат локалните медиуми. Станува збор за припадничка на цивилната заштита.
Несреќата се случила на италијанската страна кога на полицајката Елена Ло Дуку паднало изгорено дрво. Ло Дуку била волонтерка во цивилната заштита, пренесуваат италијанските медиуми
Во меѓувреме почнаа пожари и во Македонија, посебно во Малешевијата.
Градоначалникот упати барање и апел и граѓаните да се вклучат во гаснење, а денес истото ќе се одвива и од воздух.
Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски за МИА вели дека уште рано наутро почнале хеликоптерите да исфрлаат вода од воздух, со што е спречено да се шири огнот кон боровата шума.
Тој посочи дека пристигнуваат и колеги пожарникари и доброволци од соседните градови и од цела држава.