Британецот кој го остави семејството за Украинка прими уште двајца бегалци
Тони Гарнет, Британец кој ја остави сопругата и нивните две деца и замина со Украинката Софија Каркади, на која семејството ѝ обезбеди сместување, во својот дом прими уште двајца бегалци од Украина.
Тони и Софија изнајмија куќа во Бредфорд, градот во кој претходно живеел Тони со своето семејство, пренесува „Дејли мејл“. Во оваа куќа ја пречекаа младата брачна двојка од Украина. Минатата недела Тони и Софија виделе дека двајца Украинци бараат сместување во Англија, па ги контактирале. Бегалците потоа се преселиле кај нив.
„Дејли мејл“ потсетува дека Софија делумно ослепе по операција на окото на која мораше да се подложи откако се зарази со инфекција на пат кон Британија. Тони почнал да работи во смени за да може подобро да се грижи за неа.
„Јас не сум чуд овиште. Спијам мирно. Ја спасив од војната во Украина и од злоупотреба. Постапив правилно. Претходно трпев сè за моите деца”, рече Тони во интервју за британскиот таблоид.