• Импресум
Friday, August 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ќе почекаме

30/08/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Ќе почекаме

Европската комисија преку Урсула фон дер Лајен денеска повторно упати една од периодично дадените убави пораки за земјите од Западен Балкан. Ќе ни стасале инвестиции со големи износи.

Таа во својот говор на 17. Меѓународен стратешки форум во Блед најави дека Европска комисија планира да инвестира девет милијарди евра во економиите на Западен Балкан. И не само тоа, туку ќе се привлекуваат 20 милијарди евра приватни инвестиции во регионот.

– Нашите пријатели од Западен Балкан отсекогаш биле дел од европското семејство, нашите врски се зајакнати со вековната трговија и патувања, истакна Лајен.

Каде ли ќе ни биде крајот после овие инвестиции нам на жителите од т.н. Западен Балкан? За очекување е дека потоа се ќе тргне на многу подобро и забрзано ќе влеземе во ЕУ друштвото.

Сепак, таа призна дека изминатите години напредокот во интегративниот процес на балканските земји во ЕУ е бавен. Според неа, причината за тоа не се толку несогласувањата помеѓу земјите-членки на ЕУ, туку интервенцијата на странски играчи, меѓу кои и Русија, која, според неа, има за цел да го забави градењето на демократските институции.

Дали е токму така, сигурно, најдобро може да кажат земјите од регионот. Македонија, на пример, би можела да објасни колку интервенцијата на странски играчи била причина за речиси тридеценскиот спор околу името на нашата земја со Грција кој ни ја блокира евроатлантската интеграција. Или, што е причината за блокадите кои што во изминатиов период ги ставаше Бугарија, а кои, извесно, нема да запрат и во иднина во преговарачкиот процес на Македонија за членство во ЕУ? Дури и македонскиот претседател Стево Пендаровски во неколку наврати јавно изјавуваше дека е разочаран од односот на ЕУ, од нејзините двојни стандарди, дека имиџот на ЕУ е разнишан… На почетокот на годината Пендаровски предупреди и за тоа дека нема напредок ниту во однос на проектите најавени за поддршка од ЕУ по пандемијата на Ковид-19…

Од Брисел за вложување во Западен Балкан ни зборуваа и минатата година и дека тие земји може да сметаат на инвестиции од Европската унија. Исто како што и пред две години се изјавуваше дека регионот на Западен Балкан е апсолутен приоритет за Европската унија и Европската комисија и дека е предвидена финансиска помош.

Но, сега ете, доаѓа ново ветување од Фон дер Лајен за финансиска помош и инвестиции. Може овој пат се ќе тргне како што треба.

Да почекаме, како и за „датумот“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Без вода делови од Скопје и селото Моране поради дефекти на водоводната мрежа

07/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид
Вести

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони
Вести

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар
Вести

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија
Вести

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап
Вести

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
Следна вест
И денеска нестабилно време

И денеска нестабилно време

Најнови вести

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Без вода делови од Скопје и селото Моране поради дефекти на водоводната мрежа

07/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.