• Импресум
Saturday, August 8, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Од утре изменет режим на линиите 4А, 5, 5А и 24

20/09/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Од утре изменет режим на линиите 4А, 5, 5А и 24

Поради градежни зафати на одредени улици кои се дел од редовната траса од утре стартува изменет режим на автобуските линии 4А, 5, 5А и 24, соопшти денеска ЈСП „Скопје“.

Од утре поради градежни зафати и затворање на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од кружниот тек до раскрсницата со булевар „Св.Климент Охридски“, линиите 4А, 5 и 5А, ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот. Затворањето на улицата ќе се одвива фазно.

-Во првата фаза, ќе бидат затворени само сообраќајните ленти во правец кон Ѓорче Петров. Во таа фаза, возилата од центар, од улица „Димитрие Чуповски“, ќе вртат лево по булевар „Св.Климент Охридски“, кај Дом на печат ќе вртат десно по улица „Св.Кирилј и Методиј“, па на кружниот тек ќе продолжуваат по своите редовни траси. При посочениот режим, како времена автобуска постојка во правец кон Ѓорче Петров, ќе се користи просторот кај металните косини на тротоарот кај АМСМ, наведе ЈСП.

Во втората фаза, ќе бидат затворени сообраќајните ленти од кружниот тек кон централното градско подрачје. Во таа фаза, возилата од кружниот тек ќе продолжуваат по улица „Св.Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Св. Климент Охридски“, потоа ќе продолжуваат по улица „Димитрие Чуповски“ по своите редовни траси. При посочениот режим, како времена автобуска постојка ќе биде делот после раскрсницата со улица „Народен фронт“, односно третата канделабра после раскрсницата.

Изменетиот режим ќе важи во наредниот период, се до завршување на градежните работи на улицата која е дел од редовната траса на линиите 4А, 5 и 5А.

И линијата 24 во реонот на Кисела Вода од утре ќе сообраќа по изменет режим од вообичаениот, поради затворањето на улица „Димо Хаџи Димов“, од вкрстувањето со улица „Божидар Аџија“ до вкрстувањето со улица „Народни херои“, на која ќе се изведуваат градежни работи.

-Во правец од Центар кон Кисела Вода, од улица „11 Октомври“ (постојка Зелен пазар) возилата ќе продолжуваат право по улица „11 Октомври“ по траса на линија 58, па по улица „Борис Трајковски“ до вкрстувањето со улица „Народни херои“, потоа ќе вртат десно по улица „Народни херои“, на семафорот ќе вртат лево и ќе продолжуваат по својата редовна траса. На изменетата траса возилата ќе ги користат постојките од линија 58, се наведува во соопштението.

Во обратен правец, од Кисела Вода кон Центар, возилата ќе сообраќаат по трасата на линија 58 се до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“, потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса. На изменетата траса возилата ќе ги користат постојките од линија 58. Изменетиот режим ќе важи во наредниот период, се до завршување на градежните работи на улиците кои се дел од редовната траса на линија 24.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс
Вести

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

07/08/2026
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
Вести

Брвеница ќе избира нов градоначалник, ДИК ги почнува подготовките за изборниот процес

07/08/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб
Вести

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот
Вести

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
Следна вест
Кремљ: Во моментот нема изгледи за дипломатско решение на ситуацијата во Украина

Кремљ: Во моментот нема изгледи за дипломатско решение на ситуацијата во Украина

Најнови вести

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

07/08/2026
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Брвеница ќе избира нов градоначалник, ДИК ги почнува подготовките за изборниот процес

07/08/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.