Скопје има многу фалинки кои треба да се поправат. Ќе го дочекаме ли тоа време кога забрзано ќе се средува главниот град на Македонија? Претходниот градоначалник Петре Шилегов не успеа во тоа, до каде е сегашната градоначалничка Данела Арсовска – веќе истекува првата година од нејзиниот мандат?
Завчерашното именување на Назми Рамани за директор во скопското средно училиште „Арсени Јовков“ е најновото кадровско решение направено од страна на скопската градоначалничка Арсовска. Претходно таа смени неколку директори поставени од ВМРО-ДПМНЕ кола и ја подржа нејзината кандидатува. Во кавги со партијата таа соопшти дека нема да трпи неработење и некоодринираност со неа и постави нови директори.
Ова значи дека скопската градоначалничка сега практично има директори по свој избор и терк. Затоа веќе не може да има оправдувања дека одредени кадри и биле наметнати, дека тие во претпријатијата што ги плаќаат скопјаните вработувале по 120 партиски активисти за еден месец, дека трошеле премногу, дека повеќе одговарале пред партискиот лидер отколку пред градоначалникот…
Значи, по ваков личен избор на нови директори, јавноста сега очекува и резултати: градот да биде почист, позелен, посреден, без дупки на улици, со редовно собирање на ѓубре… Таква промена, иако беше ветена на изборите, Скопје се уште не доживеа. Граѓаните и натаму имаат забелешки за хигиена, за градските автобуси, улиците… Тие сакаат што побрзо да видат резултати, веќе во наредниот месец бидејќи мандатите брзо истекуваат и се тенчи времето во коешто треба да се подобрат состојбите во Скопје.
Арсовска е на потег. Времето за тоа истекува… не смее да не го гледа календарот како што тоа го правеше Шилегов.
Скопје не може повеќе да чека градоначалничко работење, планирање, градење, исполнителност…
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












