• Импресум
Sunday, July 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Скопје денес без градски превоз

20/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Скопје денес без градски превоз

Скопјани денеска нема да можат да ги користат услугите на јавниот градски превоз откако синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера најавија дека од 04:30 часот наутро автобусите нема да возат. Проблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП вчера беше тема и на вонредната седница на Советот на Град Скопје каде доцна попладнето беше изгласа иницијатива со која се побара од градоначалничката на Град Скопје до петок до 12 часот да достави одлука за прераспределба на средства за да се исплатат платите.

Од синдикатите вчера за МИА изјавија дека градоначалничката Данела Арсовска ќе мора ваквата одлука да ја донесе уште денес, затоа што, според нив, петок е многу доцна. Следната седница на Советот е закажана за петок во 14 часот, но постојат можности и денеска да биде свикана вонредна седница на градскиот Совет доколку биде доставена одлуката.

Синдикатите вчера ја напуштија седницата на Советот револтирани дека нема договор за нивните барања.

– Репрезентативните синдикати на ЈСП беа присутни на вонредната седница на Советот на Град Скопје и очекувавме брз и експресен одговор по иницијативите што ги дават политичките партии дека одредени средства ќе се префрлат на сметката на ЈСП и ќе се исполнат обврските кон вработените. Бевме наивни мислејќи дека тоа ќе се случи. Сагата продолжи до нешто пред 17 часот кога баравме збор од спикерот и не го добивме по што седницата на Советот се прекина за да може да одговориме што ќе преземат синдикатите во текот на утрешниот ден, изјави вчера претседателот на синдикалната организација на ЈСП Миќо Стојановски.

Советниците во Град Скопје вчера меѓусебно се обвинуваа кој е виновен за состојбата во која е доведено ова јавно претпријатие. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност од Арсовска, а од СДСМ обвинија дека за првпат скопјани ќе останат без градски превоз и дека за тоа е виновна локалната власт.

Вчера со неколку автобуси раководството на ЈСП ја блокираше и улицата пред Владата поради неисплата на долг од два милиони евра, а вработените протестираа во кругот на претпријатието поради неисплатата на заостаната плата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција
Вести

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

19/07/2026
Бензините поскапуваат, дизелот поевтин
Вести

Утре нови цени на горивата, се очекува ново поскапување

19/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Високи температури низ Македонија, попладне локална нестабилност

19/07/2026
Киев трет ден на нозе, расте незадоволството од воениот врв
Вести

Киев трет ден на нозе, расте незадоволството од воениот врв

19/07/2026
Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал
Вести

Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал

19/07/2026
Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница
Вести

Непознати лица пукале кон деловен објект во Тетово

18/07/2026
Следна вест
Победа на Реал Мадрид

Победа на Реал Мадрид

Најнови вести

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

19/07/2026
Бензините поскапуваат, дизелот поевтин

Утре нови цени на горивата, се очекува ново поскапување

19/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Високи температури низ Македонија, попладне локална нестабилност

19/07/2026
Киев трет ден на нозе, расте незадоволството од воениот врв

Киев трет ден на нозе, расте незадоволството од воениот врв

19/07/2026
Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал

Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал

19/07/2026
Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница

Непознати лица пукале кон деловен објект во Тетово

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.