• Импресум
Thursday, July 2, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Македонија ќе отвори музеј од изјави на ЕУ бирократи дека прават грешки

08/11/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Македонија ќе отвори музеј од изјави на ЕУ бирократи дека прават грешки

Македонија со години ги исполнува сите барања на ЕУ и потоа исто така со години чека Брисел да ги исполни ветувањата. Ништо не е променето и сега. Евтобирократите ќе дојдат во Скопје, ќе одржат 2-3 лекции, ќе дадат 2-3 задачи и ќе си заминат со давање уверување дека уште малку фали и готово ќе биде влегувањето на Македонија во ЕУ.

Од време на време има по некој малку поискрен дипломат од Брисел кој ќе каже дека грешат со политиката кон нашата земја. Вчера Маргаритис Схинас, потпретседател на Европската комисија признаа дека со Македонија направиле грешка со тоа што нејзината евроинтеграција се блокира со години и години. Тој рече дека ЕУ направила грешка со Скопје, дека Скопје го направи тоа што го барала Европа, но наместо забрзување добило запирање…

Високиот бриселски бирократ, всушност, само го повтори она што некои негови колеги го признаваа и самите во изминативе години. Уште пред три години, кога во 2019 година Франција ни создаде блокада со барањето за примена на нова методологија, европските и другите функционери изјавуваа дека е направена грешка.

Така, на пример, тогашниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека „ова е голема историска грешка“ додека тогашниот прв човек на Европскиот Совет Доналд Туск изјави дека „тоа не е пораз, туку грешка“ и дека „се чувствува посрамен“.

И поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан ги обвини лидерите на ЕУ за неисполнетите ветувања кон Македонија, а во тоа време италијанскиот премиер Џузепе Конте, исто така, рече дека се прави „историска грешка“. Европратеничката Дорис Пак уште во 2015 зборуваше дека се прави „крајна грешка“ со блокирањето на евроатлантската интеграција на Македонија…

Е како вака сериозни дипломати и сериозна унија каква е ЕУ си дозволува често да ги прави истите грешки? Барем го поправаат ли изворот на сопствената грешка? Или овие изјави се користат само како некаков мелем за македонските рани?

Дали ваквите признавањата треба да ни бидат некаква морална сатисфакција со кои бриселските чиновници ќе си ги „измијат рацете“ од одговорноста за загубените години во кои Македонија чека нешто што и и ветено?

Дали можеби е грешката и во македонската власт која само сервилно ги собира изјавите на еврофункционерите во една „колекција“ за која може и музеј ќе отворат и лента со некој евробирократ ќе сечат?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.