• Импресум
Friday, July 3, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Толку многу ли придонесуваат за доброто на Македонија, па на нив не треба да се штеди?

17/11/2022
A A
Толку многу ли придонесуваат за доброто на Македонија, па на нив не треба да се штеди?

Нема ден македонските министри да не посочуваат дека треба да се штеди. Да се намалат непотребните трошења, да се однесуваме домаќински и рационално, да… постојано верглаат владините функционери. И навистина треба да ги послушаме, криза е.

Цените растат секојдневно, инфлацијата од 20 проценти е рекордна и прашање е кога ќе се намали, платите се обезвреднуваат, а потребни се пари за помош на најзагрозените, за студентите, за нови вложувања што ќе донесат развој…

Но, дали Владата направи се за да се штедат народните пари?

Примери со кои се кратат привилегиите на функционерите се малку во однос на она што реално може да се направи. А реално може многу повеќе, посебно кога се во прашање функционерските плати. Најголемата опозициска партија деновиве почна да ги објавува износите на платите на именувани функционери во разни државни компании. Па, така, излезе на виделина дека само 8 именувани функционери од актуелната Влада ја чинат Македонија 1,5 милиони евра. Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема 345.000 денари на име плата, односно, 5.500 евра. Член на Управниот одбор во М НАВ Владо Крстевски 4.300 евра, Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство 3.300 евра месечно, директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев – 1.700 евра, Никола Љушев како дел од УО на Телеком – 11.500 евра, Љупчо Зиков од МЕПСО зема 1.300 евра. Андреј Жерновски добива месечен надоместок од 1000 евра од Министерството за здравство додека Кире Станковски добива 2.000 евра месечно како генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп…

Толку многу ли овие лица придонесуваат за доброто на Македонија што народот мора целосно да го одврзе ќесето? Тука не треба да се штеди?

За жал, ваква состојба не е од вчера туку трае со години. Бројни функционери (некои и со измислени работни места) земаат месечно повеќе и од шефот на државата, од премиерот, претседателот на парламентот…Кој се и зошто тоа го дозволил, нема објаснување. Премиерот Димитар Ковачевски уште пред година дена најави дека ќе се справуваат со ова нелогичност и дека ќе се намалуваат огромните плати. Но, сето тоа оди многу, многу бавно. Брзо е само исплаќањето надоместоци секој месец на сметките на овие (и многу други) функционери.

А тие, самите функционери, си молчат и си ги бројат парите на сметките. Од ниту еден од нив не се слушна гласна заложба или иницијатива да им се намалат платите оти се непристојно големи во споредба со другите во Македонија. Тие не сметаат дека треба да се штеди? Или доволно е граѓаните да штедат, а тие реба да ги водат кон подобра иднина?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
Студенти со марш ќе побараат повеќе права и подобар стандард

Студенти со марш ќе побараат повеќе права и подобар стандард

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.