• Импресум
Wednesday, July 1, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Бугарското МНР со нота ќе бара пристап на Бугарите на гробот на Гоце Делчев на 4-ти февруари

27/01/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Бугарското МНР со нота ќе бара пристап на Бугарите на гробот на Гоце Делчев на 4-ти февруари

Бугарија ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите што патуваат во Северна Македонија за да се поклонат на споменикот на Гоце Делчев на 4 февруари. На настанот ќе учествуваат и претставници на бугарската амбасада.

Ова го соопшти бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, на брифинг на кој извести за сработеното на МНР за време на мандатот на преодната влада, извести „БНТ.бг“.

-На социјалните мрежи во Северна Македонија се организираат блокади на патот кон Скопје против бугарските неонацисти. Клучно е да се обезбеди безбедност на Бугарите таму. Обезбедувањето непречено оддавање почит на 4 февруари е елемент на тоа. Сакаме да постигнеме деескалација. Ние не бегаме од таков дијалог. Нашиот премиер ќе има телефонски разговор со македонскиот премиер Ковачевски, а еден од главните елементи ќе биде обезбедувањето на безбедноста на бугарските граѓани воопшто, како и за тоа што ќе се случи на 4 февруари. Ние се залагаме за таква деескалација, не треба да се вратиме на ситуацијата пред една недела бидејќи тоа би било конкретизирање на репресијата, посочи Милков.

Според бугарскиот шеф на дипломатијата, доколку Северна Македонија го попречи пристапот на бугарските граѓани, тоа би било без преседан.

„Ако тоа се случи, тоа ќе биде без преседан. Немам информации дека две земји членки ги прогласиле своите граѓани за персона нон грата. Ова ќе биде без преседан и ќе бара одговор без преседан. Андреј Ковачев е известувач за РСМ во ЕП“, потсети тој.

Обвини дека Бугарите и луѓето со бугарска самосвест немале доверба во македонските институции, а поплаките што ги поднесуваат не се разгледуваат или ако се разгледаат, добиваат негативен резултат.

Инаку, народот се самоорганизира да спречи пристап на Бугари и организирани бугарски групи до гробот на Гоце Делчев. Иницијативата за ноќна стража на гробот на Гоце Делчев се шири низ цела Македонија.

Бугарски граѓани на 4 февруари организирано ќе дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.

На социјалните мрежи пак, е објавен повик граѓаните тој ден да ја блокираат патарината Куманово- Скопје со цел нивно спречување.

-Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев, стои во објавата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
Еве како да не ви се расипе киселата зелка

Еве како да не ви се расипе киселата зелка

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.