• Импресум
Thursday, July 2, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Собранието ги изгласа новите министри во Владата

28/02/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Собранието ги изгласа новите министри во Владата

Собранието доцна синоќа ги избра четирите нови министри во Владата – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.

Лога, Меџити и Алиу се од редовите на Алијанса за Албанците, додека Шукова е предложена од СДСМ. Лога доаѓа на местото на Никола Тупанчевски, ресор со кој досега раководеше СДСМ, Меџити на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива. Шукова, пак, ќе го замени Насер Нуредини од ДУИ.

По дебатата која главно се сведе на партиски препукувања меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата и две попладневни паузи, за Лога гласаа 65 пратеници, за Меџити 64, за Алиу 65 и за Шукова 65. За ниту еден од министрите немаше глас против, ниту воздржан.

Министрите по гласањето дадоа свечена изјава.

Лога е роден е во Струга 1984 година. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа, каде стекнал магистратура по дипломатија. Има положено и правосуден испит. Освен албанскиот мајчин јазик, зборува и македонски, англиски и италијански јазик. Член е на Државната изборна комисија и зад себе има повеќе функции на државно и локално ниво.

Меџити по професија е специјалист-невролог во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје, каде што работи од 2011 година. Специјализирал неврологија на Медицинскиот факултет во Скопје во 2015 година. Претходно работел како лекар по општа медицина во приватна пракса и во Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар. Се здобил со лиценца за лекар од Лекарската комора на Македонија во 2000 година. Студирал и на Медицинскиот факултет во Сараево во 1993-1999 година.

Алиу е роден во Гостивар во 1976 година. Дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, каде се стекнува со магистратура, а потоа и докторирал информатички науки на Природно-математичкиот факултет при УКИМ. Зборува македонски, албански и англиски јазик. Работел како професор во гимназијата „Панче Поповски“ во Гостивар, од каде ја продолжува кариерата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде бил асистент, продекан за наука, вонреден професор, потпретседател на Управен одбор, а од 2020 година е редовен професор.

Шукова е родена во Скопје на 1 јануари 1970 година. Дипломирала на Технолошко-металрушкиот факултет во Скопје во 1995 година. Од 2020 година е државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) каде била на повеќе функции, почнувајќи од 1999 година. Активно го познава англискиот јазик, а пасивно германскиот. Има клучни квалификации во управување и планирање на животната средина, а учествувала и во подготовка на законски акти во областа на животна средина и нивна хармонизација со барањата на Европската унија, како и во процесот на скрининг и преговори со ЕУ. Била член на повеќе работни групи.

По изборот на овие четворица министри, во рамки на 104. седница треба да поминат и разрешувањата на замениците министри во ресорите: одбрана, земјоделство и образование, како и изборот на нивните наследници. Разрешени треба да бидат заменик–министрите за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу, а наместо нив, на овие функции, според владиниот предлог, треба да бидат назначени Тирон Јајага за одбрана, Вјолца Бериша за земјоделство и Агим Нухиу за образование и наука. Именувани треба да бидат и Викторија Аврамовска-Матиќ за заменик-министер за правда, како и Маја Манолева за заменик-министер за здравство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
Орбан: Одредени компании имаат корист од цените на енергијата како резултат на санкциите против Рисија

Орбан: Одредени компании имаат корист од цените на енергијата како резултат на санкциите против Рисија

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.