• Импресум
Thursday, July 9, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Кривичен го ослободи Драган Даравелски: Настаната е апсолутна застареност, пресудата му се укинува

14/03/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Кривичен го ослободи Драган Даравелски: Настаната е апсолутна застареност, пресудата му се укинува

Судечкиот совет при Кривичниот суд донесе решение со кое го запира кривичниот прогон за ексдиректорот на Царината, Драган Даравелски. Според судиите, нему не може да му се суди одново бидејќи има апсолутна застареност на делото злоупотреба на службена положба и овластувањето. Пресудата со која доби седум години затвор се укинува.

„Имено, по барање за повторување на постапката против обвинетиот Д. Д. (Драган Даравелски), доставено од неговиот бранител на 10.1.2023 година, а за кое барање Кривичниот совет, со решение КПОВ бр. 40/23, дозволи повторување на постапката, а истото тоа решение беше потврдено од Апелациониот суд, беше формиран предмет со К.бр. 414/23, кој во согласност со АКМИС-системот беше распределен на понатамошно постапување. Претседателот на судечкиот совет, надвор од главен претрес, констатира дека настапила апсолутна застареност на кривичното гонење за делото сторено во периодот од 2001 до 2002 година со оглед дека: во согласност со член 353 ст. 1 од КЗ, објавен во ‘Службен весник’ на 29.7.1996 година, а кој бил во важност за време на сторување на делото, ‘службеното лице што со искористување на својата службена положба или овластувањето ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета (став 3), ќе се казни со затвор од 1 до 10 години’. Во согласност со член 107 ст. 1 од истиот закон, ‘кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат 10 години од извршувањето на делото’, а во согласност со член 108 ст. 6 од истиот закон, ‘застареноста на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што се бара за застареност на кривичното гонење’“, велат од Кривичниот суд.

Тие велат постапувале во согласност со законските одредби и додаваат: „Судот утврди дека во конкретниот случај апсолутната застареност настапила на 1.12.2022 година. Против ова неправосилно решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд – Скопје“.

Пред еден месец Даравелски излезе и од затворот „Идризово“, каде што беше однесен по апсењето на граница. Пуштањето од установата беше по одлуката на Кривичниот суд да се повтори постапката, иако беше извесно дека тоа значи застарување на делото.

Даравелски се гонеше за дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, кое, според обвинението, го сторил од 1999 до 2002 година. Кривичниот законик предвидува дека за делото може да бидат изречени максимум 10 години затвор. Застарувањето е за дваесет години, односно во 2022 година. Ова ќе значи дека Даравелски ќе се спаси од кривичен прогон бидејќи на повторното судење ќе треба судијата да констатира дека делото е застарено.

Ексдиректорот на Царината, Даравелски, 20 години ги помина во бегство надвор од Македонија. Во Србија доби и српско државјанство. Имаше меѓународна потерница, а беше уапсен на Табановце. Тој беше осуден на 7 години затвор, пресуда што сега е укината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ја зајакнува одбраната со американски системи со долг дострел
Вести

Германија ја зајакнува одбраната со американски системи со долг дострел

09/07/2026
Куртоа со почит кон Шпанија, но не се откажува од полуфинале
Вести

Куртоа со почит кон Шпанија, но не се откажува од полуфинале

09/07/2026
Синот на Нетанјаху наводно го сменил името во период на политички притисоци
Вести

Синот на Нетанјаху наводно го сменил името во период на политички притисоци

09/07/2026
Ново истражување откри уште една опасност од газираните сокови
Вести

Ново истражување откри уште една опасност од газираните сокови

09/07/2026
Македонскиот репрезентативец Талески потпиша за ГРК Охрид
Вести

Македонскиот репрезентативец Талески потпиша за ГРК Охрид

09/07/2026
Скопје почнува со дезинсекција против комарци од понеделник
Вести

Скопје почнува со дезинсекција против комарци од понеделник

09/07/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за среда, 15-ти март 2023-та

Дневен хороскоп за среда, 15-ти март 2023-та

Најнови вести

Германија ја зајакнува одбраната со американски системи со долг дострел

Германија ја зајакнува одбраната со американски системи со долг дострел

09/07/2026
Куртоа со почит кон Шпанија, но не се откажува од полуфинале

Куртоа со почит кон Шпанија, но не се откажува од полуфинале

09/07/2026
Синот на Нетанјаху наводно го сменил името во период на политички притисоци

Синот на Нетанјаху наводно го сменил името во период на политички притисоци

09/07/2026
Ново истражување откри уште една опасност од газираните сокови

Ново истражување откри уште една опасност од газираните сокови

09/07/2026
Македонскиот репрезентативец Талески потпиша за ГРК Охрид

Македонскиот репрезентативец Талески потпиша за ГРК Охрид

09/07/2026
Скопје почнува со дезинсекција против комарци од понеделник

Скопје почнува со дезинсекција против комарци од понеделник

09/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.