• Импресум
Friday, June 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Главата ни „наредува“да посегнеме по благо

29/03/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Главата ни „наредува“да посегнеме по благо

Склоноста кон слатки и масни закуски е нешто што мозокот самиот го учи и тоа нема многу врска со „недостатокот на волја“ за нивно избегнување, посочува ново истражување на германски научници.

Иако човек знае дека не треба, тој / таа сепак ќе посегне по благо или масно јадење. Тука спаѓаат чоколадо, чипс, помфрит и други „причинители“ на зависност… И, „во наша одбрана“ велиме дека „ѓаволот нѐ тера да го правиме тоа“, но новиот научен труд покажува дека всушност мозокот нѐ тера да јадеме слатка или мрсна храна.

Меѓународен тим научници предводен од Институтот за метаболичко истражување „Макс Планк“, со седиште во Минхен, избра повеќе луѓе со нормална тежина, кои треба да јадат високомастен пудинг двапати седмично, осум недели. Според пропорцијата на млечна маст, истовремено консумирале и други намирници што обично ги јадат на дневна основа. Написот е објавен во „Сел метаболизам“ (Cell Metabolism).

Друга, контролната група добила порција пудинг со иста количина на калории, но со помалку масти и шеќери.

Пред и за време на испитувањата, научниците ја следеле мозочната активност на испитаниците.

– Ние сме склони да јадеме храна богата со масти и шеќер – тн. западен начин на исхрана, може да биде вродена или да се развие како последица на прекумерната тежина. Но, ние веруваме дека оваа навика нашиот мозок ја учи, всушност, појасни Шармили Едвин Танараџа, научен соработник во Институтот „Макс Планк“, претставувајќи ја главната хипотеза на трудот.

Научниците откриле дека мозочната активност значително се зголемила кај ипитаниците кои јаделе пудинг со повеќе маснотии и шеќер, кој конкретно го активирал допаминергичниот систем (којшто вклучува допамин – „хормонот на среќа, задоволство и мотивација“).

Допаминот е познат како хормон што овозможува „да се чувствуваме добро“. Мозокот ослободува допамин при јадење, секс, среќа.

– Мерењата на мозочната активност кај испитаниците покажаа дека самиот мозок „се пренасочува“ кога јадеме чипс и слична храна. Тоа потсвесно нѐ учи да претпочитаме храна со којашто „се наградуваме“ себеси. Преку овие промени во мозокот, несвесно ќе претпочитате храна што содржи многу масти и шеќер, објасни раководителот на истражувањето Марк Титгемајер.

Комбинацијата на масти и шеќер е „комбинација што особено наградува“.

Научниците ја поддржуваат, но сѐ уште не можат да ја докажат нивната хипотеза, делумно поради засега малиот број испитаници – само 57 луѓе. Тие истакнуваат дека резултатите би можеле да бидат различни кај различни луѓе со прекумерна телесна тежина, различни навики во исхраната и некои други фактори

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година
Вести

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев
Вести

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
Четиринаесет мигранти загинаа во судир со грчката крајбрежна стража кај Хиос
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина 75-годишна жена од Македонија, била извлечена од морето

18/06/2026
Следна вест
Силвио Берлускони примен во болница во Милано

Силвио Берлускони примен во болница во Милано

Најнови вести

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.