• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Што вклучува преамбулата на хрватскиот устав?

04/04/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Што вклучува преамбулата на хрватскиот устав?

Една поента врз друга се наведуваат околу потребата за измена на македонскиот устав. Оние што се залагаат за вметнувањето на Бугарите, како што е условот од преговарачката рамка со ЕУ, го наведуваат хрватскиот устав како пример што може да послужи да се отплетка јазолот, бидејќи таму се набројани 22 етнички малцинства, пишува Независен.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека е подготвен веднаш да почне процедурата за уставните измени ако хрватскиот пример е „формулата за успех“. Но, нагласи дека некој после тоа може „да се кае“.

„Не знам дали се сигурни дека сакаат да биде според преамбулата во хрватскиот устав. Јас сум подготвен, ако е тоа формулата за успех, уште утре да ја отпочнеме процедурата, да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во неа. Ако сакаат уште утре да ја отвориме преамбулата на македонскиот устав и да го направиме тоа според хрватскиот образец. Само да не се каат после тоа, да не речат некои други етнички заедници, не било баш така како што тие кажуваат. Не знам дали ја прочитале преамбулата на хрватскиот устав или така само си кажуваат на памет, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш прифаќаме таква уставна измена прифаќаме“, рече Мицкоски.

Во преамбулата на хрватскиот устав се споменуваат дури 22 малцинства, меѓу нив и Бугарите. Таму се споменати и Македонците. Во првиот дел на Уставот на Хрватска, кој се нарекува „Изворни основи“ во точката 2 се наведува:

„Република Хрватска е основана како национална држава на хрватскиот народ и држава на припадниците на автохтоните национални малцинства: Срби, Чеси, Словаци, Италијанци, Унгарци, Евреи, Германци, Австријци, Украинци, Русини, Бошњаци, Словенци, Црногорци, Македонци, Руси, Бугари, Полјаци, Роми, Романци, Турци, Власи, Албанци и други, кои се нејзини граѓани, на кои им се гарантира еднаквост со хрватските граѓани и остварување на националните права во согласност со демократските норми на ОН и земјите на слободниот свет“.

Според пописот од 2011 година, кога детално се избројани малцинствата, во Хрватска имало само 350 Бугари, од кои најголемиот дел е во Загреб. Тие се организирани во Националната заедница на Бугарите во РХ, а имаат и свое гласило.

Бројот на Македонците во Хрватска е далеку поголем – според бројките од пописот во 2011 тој изнесувал 4.138. Тие се прилично активни во општествениот живот на Хрватска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје
Вести

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја
Вести

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“
Вести

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје
Вести

Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

21/07/2026
Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната
Вести

Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

21/07/2026
„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето
Вести

„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

21/07/2026
Следна вест
Барселона ќе собира пари од спонзори да го врати Меси

Барселона ќе собира пари од спонзори да го врати Меси

Најнови вести

Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

21/07/2026
Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

21/07/2026
„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

21/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.