• Импресум
Saturday, June 20, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

На Велики четврток се вапцаат јајца, овие работи треба да ги знаете

13/04/2023
A A
На Велики четврток се вапцаат јајца, овие работи треба да ги знаете

Денес е Велики четврток, ден кога се фарбаат велигденските јајца.

Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е фарбање на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се фарбање три јајца, а потоа и другите. Се верува дека првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот – главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има волшебна моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл.

Јајцата ги фарба домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапца јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магичната моќ.

Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало. Ситото било покриено со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја.

По вапцањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено, бело, дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика
Вести

Добри вести за возачите: Следува пад на цените на горивата, најави Мицкоски

20/06/2026
Нема повеќе акции во маркетите, цени се замрзнуваат
Вести

На четиричлено семејство му се потребни над 68 илјади денари месечно

20/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

Опозицијата обвинува за економска нестабилност и политичка изолација

20/06/2026
Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек
Вести

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

20/06/2026
Има ли редици со странски инвеститори на македонските граници?
Вести

Албанија го одобри системот „Еден шалтер“ со Македонија

20/06/2026
Скопје домаќин на Парадата на гордоста, учесниците ќе маршираат низ центарот
Вести

Скопје домаќин на Парадата на гордоста, учесниците ќе маршираат низ центарот

20/06/2026
Следна вест
Netflix ја најавува анимираната серија „Stranger Things“

Netflix ја најавува анимираната серија „Stranger Things“

Најнови вести

Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика

Добри вести за возачите: Следува пад на цените на горивата, најави Мицкоски

20/06/2026
Нема повеќе акции во маркетите, цени се замрзнуваат

На четиричлено семејство му се потребни над 68 илјади денари месечно

20/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

Опозицијата обвинува за економска нестабилност и политичка изолација

20/06/2026
Турција упати 32 удари, но повторно не постигна гол и испадна од групната фаза на Мундијалот

Турција упати 32 удари, но повторно не постигна гол и испадна од групната фаза на Мундијалот

20/06/2026
Мароко пред пласман во втората рунда, Бразил лесно го совлада Хаити

Мароко пред пласман во втората рунда, Бразил лесно го совлада Хаити

20/06/2026
Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

20/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.